Bonatti

logo

Политика за приватност и заштита на податоци

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

ИЗЈАВА ЗА КОНВЕРЗИЈА

Сите плаќања ќе бидат реализирани во локалната валута на Република Македонија - Денар (ден). За информативниот приказ на цените во други валути се користи средниот курс на Народната банка на Р Македонија. Износот за кој ќе биде задолжена вашата платежна картичка ќе биде изразен во локалнатa валута преку конверзија, по курсот кои го користат картичните организации, a кој нам во моментот на трансакцијата не може да ни биде познат. Како резултат на оваа конверзија постои можност за незначителна разлика од оригиналните цени наведени на нашиот сајт. Ви благодариме на разбирањето.’

ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА КОРИСНИКОТ

Леомар гроуп доо ја почитува приватноста на секои посетител. Сите податоци за посетителот нема да бидат достапни на ниедно друго лице надвор од Леомар гроуп доо и неговите здружени компании. Ќе се користат исклучително за маркетиншки цели на Леомар гроуп доо .

Во име на ДРУШТВОТО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните, основните податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работењето и информирањето на корисниците во склад со добрите деловни обичаи и со цел пружање квалитетна услуга. Сите податоци за корисниците/купувачите внимателно се чуваат и достапни се само за вработените на кои овие податоци им се неопходни за извршување на работата. Сите наши вработени се одговорни за почитување на начелото заа Заштита на приватноста на Купувачот.

Како поединец имате право да дознаете кои ваши податоци ги поседуваме и да ги промените доколку е неопходно. Исто така имате право да се спротивставите на понатамошното прибирање податоци. Ќе ги превземеме сите мерки како би можеле да ги исполниме вашите барања.

Со прибирање на овие податоци Леомар гроуп доо го постигнува следново:
* Ви го олеснува користењето на страницата со тоа што нема да имате потреба да ги впишувате вашите податоци повеќе од еднаш.
* Ни помага да ги проследиме информациите и известувањата побргу.
* Ни помага да ви обезбедиме текстови со содржини кои се важни за вас.
* Бргу ќе можете да пронајдете услуги или информации кои ги има и ги дава Леомар гроуп доо.
* Ги користиме податоците како би ја унапредиле страната.
* Да ги одредиме општите трендови во рамки на страната и нејзината употреба.
* Да ве известуваме за новите производи, посебните понуди, нови информации и други нови услуги за кои Леомар гроуп доо смета дека ве интересираат.

ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ

Опис на начинот на заштита на доверливите податоци за трансакцијата:
„При плаќањето со картичка преку интернет, внесот на податоците за картичката се врши на заштитена страница на банката. Сигурноста на податоците при плаќањето со картичка, ги гарантира процесорот на платежните картички на чии страници се извршува целокупниот процес на плаќања. Ниту во еден момент друштвото Леомар гроуп доо, ниту пак Банката која овозможува прифаќање на платежните картички во име и за сметка на друштвото Леомар гроуп доо, нема пристап до податоците од вашата платежна картичка."

"При внесувањето на податоците од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколот и PKI системот, како моментално најсовремена технологија."
Сигурноста на податоците при купувањето, ги гарантира процесорот на платежните картички, NLB банка Скопје, така што комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на банката. Ниту во еден момент податоците за платежната картичка не се достапни во нашиот систем.
Враќањето на средствата се врши исклучиво преку VISA и Maestro методата на плаќање, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на сметката на корисникот на платежната картичка.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЛЕОМАР ГРОУП ДОО Скопје

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот: 
Назив:            ЛЕОМАР ГРОУП ДОО 
Седиште:            Париска бр.13-1/1, 1000 Скопје     
Eлектронска адреса:     office@bonatti.mk
Контакт телефон:        +389 2 3201055
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци: 
Име и презиме:        Маријана Марушиќ Кос 
Електронска адреса:    marijana@marusic-kos.mk

Нашата визија за заштита на личните податоци
Личните податоци се информации кои непосредно или посредно се однесуваат или може да се однесуваат на Вашата личност. ЛЕОМАР ГРОУП ДОО (во натамошниот тек: ЛЕОМАР ГРОУП) како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци. ЛЕОМАР ГРОУП гарантира дека ќе ги заштитува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и внатрешните акти. 
Во продолжение ќе ги најдете сите информации за природата и обемот на обработка на Вашите податоци од страна на ЛЕОМАР ГРОУП.
Цели, правна основа и категории на лични податоци што се обработуваат
ЛЕОМАР ГРОУП ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци законито, транспарентно и правично.  
Во ЛЕОМАР ГРОУП се вршат следните процеси на обработка на лични податоци.   

ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ 
Цел - остварување на права и обврски од работен однос,
Правни основи - исполнување на законска обврска, исполнување на договорна обврска и изјава за согласност, 
Категорија на лични податоци 
Име и презиме
Адреса
Телефонски број
ЕМБГ,
Ден, месец и година на раѓање 
Место на раѓање 
Пол
Возраст
Вид и степен на завршено образование
Титула
Траење на работниот однос (определено или неопределено време)
Работно време (полно или скратено)
други лични податоци содржани во биографијата на вработените (Curriculum Vitae – CV). 


ВРШЕЊЕ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Цел - вршење на директен маркетинг односно доставување информации за производи, промоции, новитети и понуди во нашите продавници,
Правна основа – изјава на согласност
Обработката се врши исклучиво врз основа на Ваша претходно обезбедена согласност. Согласноста се обезбедува преки следните канали: формулар кој се пополнува во нашите продавници во кој е содржана писмена изјава за согласност и е-mail.  
Категории на лични податоци 
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса и 
телефонски број

ОНЛАЈН ПРОДАЖБА
Цел – онлајн продажба
Правна основа - исполнување на договорна обврска 
Категории на лични податоци 
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса и 
телефонски број

Ве уверуваме дека од страна на ЛЕОМАР ГРОУП, личните податоци не се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. 
Воедно, Ве уверуваме дека ЛЕОМАР ГРОУП целосно го почитува начелото на минимален обем на податоци и ги собира само оние податоци кои се потребни, релевантни и ограничени за исполнување на целта заради која се обработуваат. 
Рокови на чување на Вашите лични податоци
ЛЕОМАР ГРОУП не ги чува Вашите податоци во облик што овозможува Ваша идентификација, подолго од времето што е неопходно за остварување на целта заради која се обработуваат. 
Личните податоци за вработените се чуваат во рокови утврдени со закон, односно за време на траење на работниот однос, а по престанокот на работниот однос се чуваат како документ од трајна вредност.  Личните податоци на корисниците кои дале согласност за вршење на директен маркетинг се чуваат се до повлекување на согласноста. Личните податоци на онлајн купувачите се чуваат во рок од 12 месеци по завршување на купувањето. 
Ако е покрената управна или судска постапка, личните податоци може да се чуваат до конечно односно правосилно завршување на постапка.  
По истекот на роковите за чување, личните податоци се бришат од информацискиот систем на ЛЕОМАР ГРОУП или од серверите на даватели на услуги, односно се уништува хартиената документација. 
Како ги чуваме и како се заштитени Вашите лични податоци?
ЛЕОМАР ГРОУП ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци.   
Личните податоци што ги обработува ЛЕОМАР ГРОУП се заштитени од неовластен пристап, откривање, употреба, менување или уништување. Податоците се чуваат во нашите деловни простории и во нашиот информациски систем, но и на сервери на даватели на услуга со кои ЛЕОМАР ГРОУП има склучено договори со кои се осигурува дека давателите на услуги, како обработувачи на лични податоци ги почитуваат прописите за заштита на лични податоци. 
Ниту ЛЕОМАР ГРОУП, ниту нашите даватели на услуги, нема да ги проследат Вашите податоци на користење на трети страни, освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или постои законска обврска.   
Нашите вработени се обврзани да работат во согласност со внатрешните акти за заштита на лични податоци, а и давателите на услуги имаат иста обврска, врз основа на договор за обработка на лични податоци. 
Само лицата кои се овластени од страна на ЛЕОМАР ГРОУП имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи или ангажман, а согласно издадените овластувања за вршење на обработка на личните податоци. ЛЕОМАР ГРОУП применува технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците, соодветно на ризикот. 
Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува Изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка. 
Кои се Вашите права?
Право на информирање - Имате право да бидете информирани кои податоци ЛЕОМАР ГРОУП ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.  
Право на пристап – Имате право да поднесете барање за пристап до Вашите лични податоци. Ова право Ви овозможува да добиете информација за податоците кои се обработуваат за Вас. 
Право на исправка и бришење – Имате право да побарате исправка или дополнување, како и бришење на Вашите лични податоци ако престанала целата заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за нивна обработка, ако податоците биле незаконски обработувани или повеќе не постои правна основа за нивна обработка. 
Право на ограничување на обработката – Имате право да побарате ограничување на обработката на личните податоци, како алтернатива на правото на бришење на податоците, ако ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, во периодот додека ЛЕОМАР ГРОУП не ја потврди нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на Ваши правни барања.
Право на преносливост на податоците – Имате право да ги побарате Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и истите да ги пренесете во друго друштво, без попречување од наша страна. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.
Право на приговор – Имате право на приговор, ако обработката на Вашите лични податоци се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.
Право на повлекување на согласноста - Воедно, Ве информираме дека Вашата согласност за обработка на личните податоци можете да ја  повлечете во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која се вршела врз основа на согласност пред отповикувањето. 
Со цел да ги остварите Вашите права, Ве молиме:
испратете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци
marijana@marusic-kos.mk или на нашата поштенска адреса: ЛЕОМАР ГРОУП ДОО Скопје,  ул.Париска б.13-1/1, за офицерот за заштита на лични податоци.
На истите адреси можете да се обратите и во врска со кое било прашање поврзано со обработката на Вашите лични податоци. 
Право на пристап во согласност со член 19 од Законот за заштита на личните податоци
Во согласност со член 19 од Законот за заштита на личните податоци имате право бесплатно од нас да побарате информација за тоа дали обработуваме Ваши лични податоци, пристап до тие податоци, како и информации:
За видот на обработката;
За видот на личните податоци кои се обработуваат;
За корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации;
За предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
За постоењето на право да се бара од страна на контролорот (ЛЕОМАР ГРОУП) исправка или бришење на личните податоци; право на ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци и право на приговор против таквата обработка; право да се поднесе барање до државниот орган (Агенцијата за заштита на личните податоци); за изворот на лични податоци (достапни информации), ако личните податоци не се обезбедени од лицата на кои се однесуваат (од Вас); за поестоење на постапка за автоматизирано донесување на одлука, вклучувајќи профилирање од член 26 став 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци, и во тие случаи, неопходни информации за логиката која при тоа се користи, како и за важноста и очекуваните последици на таа обработка за лицето на кое податоците се однесуваат (на Вас).
Ако личните податоци се пренесуваат во друга држава или меѓународна организација, имате право да бидете информирани за соодветните мерки на заштита кои се однесуваат на пренесување, во согласност со член 50 од Законот за заштита на личните податоци.
Право на исправка во согласност со член 20 од Законот за заштита на личните податоци
Право на исправка во согласност со член 20 од Законот за заштита на личните податоци имате право да барате да Вашите неточни лични податоци, без непотребно одложување, бидат исправени. Во зависност од видот на обработката, имате право да своите непотполни лични податоци да ги дополните, што вклучува и давање на дополнителни изјави.
 
Право на бришење во согласност со член 21 од Законот за заштита на личните податоци
Имате правода барате Вашите лични податоци да се избришат од наша страна во следните случаи:
Личните податоци веќе не се неопходни за остварување на целта поради која се собрани или обработени на друг начин;
Доколку сте ја повлекле согласноста врз основа на која се вршела обработката, во согласност со член 10, став (1), точка 1 или член 13 став (2), точка 2 од Законот за заштита на личните податоци, а нема друга правна основа за обработка;
Кога ќе поднесете приговор на обработката согласно член 25, став 1 или 2 од Законот за заштита на личните податоци, а нема друга правна основа за обработка којапреовладува над  легитимниот интерес , правото или слободата на лицето на кое се однесуваат податоците;
Личните податоци незаконски се обработени;
Личните податоци мора да бидат избришани со цел извршување на нашите законски обврски;
Личните податоци се собрани во врска со користење на услуги  на информатичкото општествоод член 12, став 1 од Законот за заштита на лични податоци;
Доколку сме обвјавиле јавно лични податоци и доколку сме должни да ги избришеме податоците, ние ќе ги превземеме сите разумни мерки, вклучително и технички мерки, во согласност со достапните технологии и можности за покривање на трошоците за нивна употреба, со цел известување на други контролери кои тие податоци ги обработуваат, дека сме поднеле барање за бришење на сите копии на податоци и барања, односно електронски врски со тие податоци.

Право на ограничување на обработката во согласност со член 22 од Законот за заштита на личните податоци

Имате право да барате да ја ограничиме обработката на Вашите лични податоци доколку е исполнет еден од следниве услови:

Ја оспорувате точноста на личните податоци, во рок кој ни овозможува проверка на точноста на личните податоци;
Обработката е незаконска, но не дозволувате бришење на личните податоци и наместо бришење барате ограничена употреба на податоците;
На контролерот не му се потребни повеќе личните податоци за остварување на целта на обработката, но Вас Ви се потребни со цел поднесување, остварување или одбрана на правно барање; или
Имате поднесено приговор на обработката во согласност со  член 25, став 1 или 2 од Законот за заштита на личните податоци, а во тек е проценка дали правната основа за обработка од страна на контролерот ги надминува Вашите интереси.

Право на преносливост на податоците во согласност со член 24 од Законот за заштита на личните податоци

Имате право да Вашите лични податоци, кои претходно сте ни ги доставиле, ги примите во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и имате право да тие податоци ги пренесете на друг контролор без проблем од наша страна, ако кумулативно се исполнети следниве услови:


Обработката е заснована на согласност во рамките на член со 10, став (1), точка 1 или член 13 став (2), точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или врз основа на договор, во согласност со член 10, став (1), точка 2 од истиот закон; обработката се врши автоматизирано.

Ова право го опфаќа и правото да Вашите лични податоци бидат непосредно пренесени на друг контролор директно од наша страна, под услов да е тоа технички изводливо.

Право на приговор во согласност со член 25 од Законот за заштита на личните податоци

Под условите од член 25 став 1 од Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоците може да биде предмет на приговор од причини кои зависат од вашата конкретна ситуација.
Доколку сметате дека е тоа оправдано во однос на посебната ситуација во која се наоѓате, имате право во секој момент до контролорот (ЛЕОМАР ГРОУП) да поднесете приговор на обработката на Вашите лични податоци, која се врши во согласност со на член со 10, став (1), точка 6 од Законот за заштита на личните податоци, во кој случај ние сме должни да прекинеме со обработка на Вашите податоци, освен во случај ако постојат законски причини за обработка кои ги надминуваат интересите, правата или слободата на лицата на кои се однесуваат податоците или се во врска со доставување, остварување или одбрана на правното барање.

Право на поднесување барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци   
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на ЛЕОМАР ГРОУП, не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред  Агенцијата за заштита на личните податоци. Барањето можете да го преземете на следниот линк: https://www.dzlp.mk/sites/default/files/u4/baranje_za_utvrduvanje_na_prekrsuvanje_na_zzlp.do
Оваа Информација за обработка на личните податоци повремено може да се менува.
ЛЕОМАР ГРОУП  ќе постави ажурирана верзија на Информацијата за обработка на личните податоци на оваа страница.
Датум на поставување на Информацијата или последна измена: 01.02.2021 година, Скопје