Bonatti

logo

Услови за користење и продажба

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на користење и продажба на www.bonatti.mk.

Со пристапувањето и користењето на овој сајт Вие се согласувате да постапувате во согласност со наведените одредби. Леомар гроуп доо, го задржува правото да ги промени наведените услови, посети и користења на сајтот, а по промената на условите, тие се сметаат за прифатени.

Целиот материјал на овој интернет сајт (во понатамошниот текст “сајт”) е заштитен со авторски права и секоја неовластена употреба може да претстваува кршење на Законот за авторски и сродни права, Законот за печати или други закони од областа на интелектуалната сопственост.

Освен ако е поинаку назначено на друго место на овој сајт, целата содржина може да се прегледува, копира, принта или превзема исклучиво за лична, некомерцијална употреба и за информативни цели, под услов сите назнаки за авторските или другите сопственички права на информациите кои се содржани во оригиналниот документ да ги задржите во сите копии. Не можете да ја менувате содржината на овој сајт ни на било кој начин, ниту репродуцирате или јавно да го прикажувате, изведувате, дистрибуирате или на друг начин да го користите за јавни и комерцијални цели.

Не земајќи го во предвид предходно наведеното, било кој софтвер или друг материјал достапен за преземање или користење преку овој сајт кој поседува сопствени услови на користење или лиценцирања се наоѓаат од заштита на тие услови.

Доколку прекршите било кој од овие Услови, Вашата дозвола за користење на сајтот ќе ви биде повлечена и ќе бидете обврзани веднаш да ја уништите целата содржина која сте ја преземале или отпечатиле. Освен ако е експлицитно поинаку назначено овде или на некоја друга страницa на овој сајт, ништо овде содржано, дали експлицитно, премолчено, отстапување или на друг начин, Вам не ви дава право да користите било кој дел од интелектуалната сопственост која сте ја пронашле на сајтот.

Леомар гроуп доо го задржува правото да собира одредени лични податоци при пребарувањето на одредени интернет страници на овој сајт, да би ги исполниле Вашите барања или потреби. Секое прибирање на такви информации на овие страници ќе биде спроведено во склад со приватноста содржан на овие интернет страници, како и со важечките прописи за заштита на личните податоци. Некои страници на овој сајт би можеле да потхрануваат одредени пакет информации познати како “cookies” (колачиња) на важечкиот компјутер.

Колачињата ни даваат одговор на прашањето како и кога страницата на овој сајт е посетена и колку лица ја имаат посетено. Оваа технологија не собира информации за вашиот личен идентитет, наместо тоа, информациите се наоѓаат во збирна форма. Целта на оваа технологија и информации која таа ги прибира е да ни помогне да го унапредиме овој Сајт.

Web сајтот се користи со цел претставување и продажба на производи, најава за Bonatti активности и нудење услуги на корисниците. Линковите содржани на сајтот кои водат до независни сајтови не се под контрола на Леомар гроуп доо и не одговараме за нивните содржини. Прикажани се поради корисност за корисниците.

Содржината ја сочинуваат исклучиво информации од општа природа, кои не се наменети за решавање на специфични ситуации или за некоја конкретна особа или идентитет, и кои не претставуваат професионален совет.

Максималниот степен кој законот го дозволува, Леомар гроуп доо не дава гаранција за точност, применливост, сигурност и комплетност на содржината на овој сајт, како и гаранција на непрекинато работење, правовременост, безбедност или одсуство на грешки. Леомар гроуп доо може да ја смени содржината на овој сајт или производите и цените наведени на сајтот без претходна најава.

Во максимален степен дозволен со Закон, Леомар гроуп доо, неговите добавувачи или трети лица спомнати на овој сајт ниту во еден случај нема да бидат одговорни за било каква штета (вклучувајќи, но не и исклучиво, директна, индиректна, случајна, последична, посебна штета, или таква која се создава при губање на профилот, губење на податоците или прекин на работниот процес) која се создава како последица на употребата, одложувањето или немоќноста за употреба, или резултатот на употребата на овој сајт, сајтови на кои водат линкови од овој сајт или содржината објавена овде или на други спомнати сајтови, без разлика дали е заснована на гаранции, договор или на друго правно средство или дали клиентот бил информиран за можноста од таква штета. 

Презентацијата на производите на сајтот на www.bonatti.mk представува понуда за купување на производите. Leomar Group doo максимално се труди сите артикли на овој сајт да бидат прикажани со исправни имиња, спецификации, фотографии и цени. Сепак, не можеме да гарантираме дека сите наведени информации и фотографии на артикли на овој сајт се во потполност исправни. Производите поседуваат својства потребни за редовна употреб во согласност со нивната намена и декларација.

Со потврда на нарачката Вие сте склучиле договор со ЛЕОМАР ГРОУП доо за купување на одредени производи и сте се обврзале дека истите ќе ги платите на начинот кој сте го одбрале при креирањето на нарачката.

Договорната страна со која сте склучиле договор е:

ЛЕОМАР ГРОУП ДОО, Скопје
Ул. 29ти Ноември бр.1-4/4, 1000 Скопје
Матичен број: 6978967
ЕДБ: 4080014546292
Тел: 02/3201055
email: webshop@bonatti.mk

Со склучување на овој договорен однос ги остварувате сите потрошувачки права предвидени со Законот за заштита на потрошувачите која вклучува право на вонсудско решавање на евентуален спор во врска со договорот за купување на производи.

Цените на артиклите со ДДВ се означени кај секој артикл, а можете да ги видите во текот на креирањето на нарачката, како и на крајот кога имате преглед на сите нарачани артикли, количина и цена.

Цената на доставата е 160 денари и со креирање на нарачката давате согласност за плаќање на трошоците за испорака.

ЛЕОМАР ГРОУП доо го задржува правото на промена на цените без претходна најава. Проверка и ажурирање на состојбата на залиха се врши повеќе пати во текот на денот. Се трудиме да бидеме што попрецизни во описот на сите производи, но не гарантираме дека сите описи се комплетни и без грешки.

ЛЕОМАР ГРОУП доо има право да ја откаже нарачката со испраќање на email известување/телефонски повик на потрошувачот доколку дошло до грешка со поставувањето на цените на сајтот.