Bonatti.mk е на листата на верификувани е-трговци!

Блог | 19.03.2021.

WebShop-от на Bonatti од денес е на листата на верификувани е-трговци!

Купувањето и средствата ви се безбедни и нашиот беџ за верификуван е-трговец е доказ за тоа.

 

ПОДОБРА Е-ТРГОВИЈА БЕЗ СИВА ЕКОНОМИЈА - Преку листа на регистрирани е-трговци ќе ги информираме граѓаните од каде да купуваат на интернет проверено и ќе придонесеме за одбегнување на нерегистрирани е-трговци кои се дел од сивата економија. Дополнително преку едукативни видео кампањи ќе ја прикажеме штетноста на сивата економија.

Опис и значење на беџот за верификација

Потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници, станува се поголема во време кога е-трговијата е во подем и луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн.

Со цел да се доближат до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи и правила за работење во е-трговијата и да се мотивираат постоечките е-трговци да ги имплементираат во своето работење, AETM воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните законски услови по наоѓање на АЕТМ и согласно правилата предвидени со овој Правилник од останатите онлајн продавници кои не ги исполнуваат основните законски услови или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија.

Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој во периодот на проверка пред издавање на беџот за верификација ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија согласно правилата предвидени со овој Правилник.

Беџот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Проверете ги сите верификувани е-трговци ТУКА.


Со користење на оваа страница, вие прифаќате употреба на колачиња. Научи повеќе

Прифаќам