Bonatti

logo
10Oct

Сподели::

Нов basic, стара удобност!

Модели кои што се must have во гардероберот на секоја жена...

Популарната Tullia со години е дел од асортиманот на Bonatti. Овој добро полнет push up градник во B корпа, оваа есен доби нова, луксузна чипка која на основниот модел му дава нова доза на сексипилност. Tullia доаѓа во три основни бои. Црна, беж и бела боја.
Во истите бои доаѓа идентичен модел, но во C корпа - Herminia, за сите дами кои носат малку поголеми корпи. Освен добро познатата удобност и пред се добрата потпора на градите, овој модел доби и нова нежна чипка.
Tulia и Herminia имаат мазни корпи, кои се многу практични за носење под различни горни делови, без разлика дали се тенки, проѕирни или дупнати, памучни.
Овие градници се идеални за комбинација со слип или бразилијана гаќички - Carola и Eliana со чипка на задната страна и обложени со памук што овозможува удобно и пријатно носење.

Сподели::

Останато од блогот