Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на:
Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува, односно Bonatti и колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен освен оној што го посетил корисникот.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Bonatti според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.
Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.
Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.
Дали можам да ги избришам колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.
Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:
Да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.
При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.
Како ги користиме колачињата?
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница, деталите се наведени подолу.
Колачиња што ги поставуваме
Неопходни |
Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно. |
Преференцијални |
Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате. |
Статистички |
Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците. |
Маркетинг |
Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни. |
Колачиња кои се користат од страна на Bonatti
Неопходни колачиња поставени од Bonatti
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
|
PHPSESSID |
bonatti.mk |
Ја зачувува состојбата на корисничката сесија при испраќање на барање за страницата |
За време на сесијата |
Неопходни колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
__cfduid |
fontawesome.com |
Се користи од мрежата за испорака на содржина Cloudflare, за препознавање на доверливиот веб сообраќај. |
30 дена |
__cfduid |
ka-f.fontawesome.com |
Се користи од мрежата за испорака на содржина Cloudflare, за препознавање на доверливиот веб сообраќај. |
30 дена |
__cfduid |
lightwidget.com |
Се користи од мрежата за испорака на содржина Cloudflare, за препознавање на доверливиот веб сообраќај. |
30 дена |
__cfduid |
mailerlite.com |
Се користи од мрежата за испорака на содржина Cloudflare, за препознавање на доверливиот веб сообраќај. |
30 дена |
Колачиња за преференции поставени од Bonatti
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
currency |
bonatti.mk |
Ги зачувува преференциите на посетителот во однос на валутата. |
1 година |
lang |
bonatti.mk |
Го памти изборот на јазик од страна на корисникот на веб страницата |
1 година |
Статистички колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
_ga |
bonatti.mk |
Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. |
2 години |
_gat |
Bonatti.mk |
Го користи Google Analytics за следење на стапката на барања |
1 ден |
_gid |
Bonatti.mk |
Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. |
1 ден |
Маркетинг колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
_fbp |
bonatti.mk |
Facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. |
3 месеци
|
ads/ga-audiences |
google.com |
Користено од Google Ad Words за повторно привлекување на посетителите кои веројатно ќе станат клиенти судејќи по онлајн однесувањето на посетителот на веб страниците. |
За време на сесијата |
fr |
facebook.com |
Facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. |
3 месеци |
IDE |
doubleclick.net |
Користено од Google DoubleClick за регистрација и пријавување на активностите на корисникот на веб страницата по прегледување или кликнување на една од рекламите на огласувачот со цел да се измери ефикасноста на рекламата и прикажување на таргетирани реклами на корисникот. |
1 година |
pagead/1p-user-list/# |
google.com |
Следи дали корисникот покажал интерес за специфични производи или настани на повеќе веб страници и открива како корисникот се движи помеѓу страниците. Се користи за мерење на рекламирањето и го олеснува плаќањето на надоместок за упатување помеѓу веб страниците. |
За време на сесијата |
test_cookie |
doubleclick.net |
Се користи за да се провери дали пребарувачот на корисникот поддржува колачиња. |
1 ден |
tr |
facebook.com |
Facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. |
За време на сесијата |
Некатегоризирани колачиња поставени од Bonatti
Назив на колачето |
Кој го поставува |
Опис и цел |
Период на траење |
seenNotice |
bonatti.mk |
/ |
Трајни |
Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте го office@bonatti.mk или marijana@marusic-kos.mk.
Со користење на оваа страница, вие прифаќате употреба на колачиња. Научи повеќе
Прифаќам