Bonatti

logo
22Oct

Сподели::

Која долна облека е идеална за вежбање?

Задолжително за сите активни вежбачи!

Сигурно и вам често ви се случува да отидете на тренинг директно после работа и да извежбате во чипканите гаќички кои сте ги носеле цел ден. Но, наша должност е да ви посочиме колку е ова лошо по вашето здравје и дека е исклучително важно да се внимава на хигиената и типот на долната облека која ја носите на вежбање. Едно време на интернет простор се постави и прашањето дали воошто треба да се носи долна облека при вежбање и ние можеме уште веднаш да ви одговориме ДА! Долната облека штити од влагата и не дозволува да се размножуваат бактериите кои создаваат непријатни мириси, или уште пострашно - инфекции.

 

Најдобрата долна облека за вежбање е онаа направена од памук или синтетика која не задржува влага. Сигурно знаете дека бактериите се размножуваат на влажни места, па затоа и пресоблекување на мократа облека е задолжително. Да се вратиме и на чипката - доколку носите долна облека со крута чипка, таа може да ве разрани при вежбање. Иако чипката на Бонати моделите е направена доволно мека за да не дојде до вакви несреќни ситуации, сепак е побезбедно и похигинески да имате посебна долна облека за вежбање.

 

Втората работа на која мора да внимавате е величината. Препорачливо е дури да имате еден број поголема долна болека за вежбање за максимална удобност. Правило по кое можете да се водите е: доколку имате линии (траги на кожата) откако ќе ги соблечете гаќичките – тогаш тие се премали за вас.

 

Од сево ова можете да заклучите дека најдобрата долна облека за вежбање е онаа која нема да забележите дека ја носите, онаа која во ниеден момент нема да посакате да ја поднаместите бидејќи ве стега и која нема да ја иритира вашата кожа. Подолу имаме неколку предлози од Бонати експертите.

  ЖЕНСКИ SLIP ГАЌИЧКИ AVIS - поставата е памучна, немаат апсолутно никакви рабови и не се отцртуваат под облеката. Плус, доаѓаат во три бои и изгледаат модерно. Супер за секој ден, а особено за вежбање

 

ЖЕНСКИ БРАЗИЛИЈАНА ГАЌИЧКИ ROSABELLA - бразилијана гаќички со длабок крој и без рабови, изработени од мек полиамид и памучна постава. Не се оцртуваат под облеката.

 

ЖЕНСКИ SLIP ГАЌИЧКИ MAVIS - Елегантни и нежни слип гаќички од мек полиамид и памучна постава, удобни за секојдневно носење.

 

 

 

Сподели::

Останато од блогот