Bonatti

logo
7Mar

Сподели::

Женскиот императив за совршенство

Таква е женската душа, во  неа може да се понира до бескрајност и никогаш „крајот да и се фати“ , затоа што женските приказни се бескрајни. Ви ги раскажуваме  со Бонати

Новиот милениум е време на цифри, развој на технологија, борба за машко-женската рамноправност, но и култ кон совршенството. Совршенството на жената, не е само во нејзиниот физички изглед и благословот да раѓа, туку и во нејзината потреба за супериорност во општеството. Низ  таа трка со машкиот свет, жената има многу повеќе препреки и маки кои успева  „машки“ да ги совлада до целта.Нејзината умешност е,  што и покрај професионалните ангажмани,   кариерните успеси, општествената реализираност и  семејната сеопфатност, таа  умее да ја негува  својата женскост  и убавина. Таква е женската душа, во  неа може да се понира до бескрајност и никогаш „крајот да и се фати“ , затоа што женските приказни се бескрајни. Ви ги раскажуваме  со Бонатти...


Историја
Идеалот за совршенство се менувал низ историјата. Жените уште  во древниот Египет внимавале на својот изглед и биле вешти во разубавувањето. Нивниот идеал бил вито тело и ситни плетенки кои ја истакнуваат симетричноста на лицето. 
Во стара Грција идеално било убаво заоблено женско тело, светла кожа и раскошна коса. Двојните епитети на Хомер во епопејата „Илијада“  ја опишуваат убавината на Андромаха како белолакта и краснокоса Тројанка. 
Женските права, за време на владеењето на династијата Хан во Кина, биле минимални, а се негувал култ кон  нежно женско тело како црешов цвет,  мали стопала со грациозни движења, румена уста и ситни бели заби.
 Времето на ренесансата е време на преродба на идеалите за убавина, хуманистите во центарот на внимание го ставаат човекот, но и жената со сите свои физички атрибути , што се забележува во уметноста. Се сликаат женски ликови со  истакнато високо чело како знак за интелигенција, таинствено мирни со мудар поглед , бледа кожа, русокоси , заоблени  со широки колкови  и развиени гради. Впрочем, тоа што денеска се смета за вишок на килограми, тогаш била идеална убавина и симбол на здравје.
 Секс симболи  на шеесетите години од минатиот век  се  ненадминливите  Мерлин Монро и Брижит Бардо. Времето и историјата ги менуваат перцепциите за  идеални женски пропорции,  па ќе дојде време на Твиги, неухранети манекенки со криви нозе и машки фризури. 
Денеска , женската совршеност  добива  вештачки димензии со ерата на реконструктивната хирургија и ботокс  технологијата , а жените  ги нагласуваат своите секс атрибути  колку ќе им се посака. И се се менува освен култот кон  нејзиното височество Долна Облека.

Понирање во женската душа со Бонатти
Во еден, се уште машки свет, на една жена и е полесно ако има машки столб на кој може да се потпре, маж  кој ќе ги разбере и почитува нејзините желби и амбиции .Низ  тој трнлив пат до успехот обично жената ја прашуваат ,,кој“,  а не ,,што“ стои зад неа. Ако жената без машка поддршка го изоди тој пат, претпоставка е дека го жртвувала својот женски сензибилитет и ,,машки“ стасала до целта. Рецепт за успешна жена , се уште нема, како ни рецепт за љубов (инаку докторите секојдневно би ги препишувале на рецепт).  Жената, особено на овие Балкански простори,  како во гладијаторска арена мора да се избори со многу предрасуди, но никако да не заборави на својата женственост.
Затоа, ЖЕНИ, не откажувајте се од сништата, достоинствено носете ги вашите порази - тие трасираат пат кон победи, научете се да простувате ,затоа што колатералните жртви на вашиот успех нема да ви простат и верувајте и на својата интуиција – привилегија на женскиот свет.
А ако  треба да се потпрете на некого, тогаш со сета ваша интуиција - потпрете се на Бонатти, вашиот најсигурен животен партнер кој ќе ги чува сите ваши тајни !

 

Сподели::

Останато од блогот