Bonatti

logo
10Feb

Сподели::

Bonatti во месецот на течниот бакнеж

Во пресрет на Денот на љубовта и виното

Bonatti раскажува за течниот бакнеж!

Секој би посакал, сите 365 дена во годината, да им наздравуваме и да ги славиме Св. Трифун и Св. Валентин. Едниот заштитник на виното, кројач на лозјето, но и на бракот и брачната верност, а другиот на љубовта и страста.На 13 февруари 270 година убавиот италијански бискуп Валентин ја открива љубовта кон саканата девојка. Ќе биде замолчен и погубен од нејзиниот татко на 14 февруари, но легендата ќе раскажува.

Љубовта е уметност, според Ерик Фром, синергија од сите сетила, таа чувствува, мириса, допира, вкусува... Љубовта е зборлива немотија, жуборлива самотија, надополнување и чукање на две срца во ист ритам. Вљубеноста ја поттикнува еуфоријата како да сме на врв на светот, во вљубените очи може да се забележи поглед кој опива. Чувството на вљубеност го поттикнува хормонот ДХЕА - еликсир на младоста. 

Кога љубовното благоглаголување ќе го залиеме со вино, чија лековита моќ е докажана, тогаш животот станува поезија, а љубовта течен бакнеж.
BONATTI во месецот на течниот бакнеж!

 

 

 

Сподели::

Останато од блогот