Bonatti

logo
29Dec

Сподели::

Како да го искористам промо кодот?

Водич за користење на попустите со промо кодови.

Што е промо код?

Промо кодовите ги користиме исклучиво за онлајн акции и попусти. Само селектирана група на луѓе кои го знаат промо кодот може да добијат намалување на цената при нарачка на www.bonatti.mk

Како се користи промо кодот?

Откако ќе ги селектирате артиклите кои сакате да ги нарачате и ќе кликнете на розевото поле НАРАЧАЈ, под збирната сума ќе ви се појави ова поле:

Следен чекор е да го внесете ТОЧНИОТ ПРОМО КОД, без никакви отстапки и печатни грешки, за да може системот да го вчита и да ви го пресмета саканиот попуст.

Кликнете на ПОТВРДИ КОД.

Со притискање на ПОТВРДИ КОД, ќе добиете кратко известување, односно потврда дека нарачката ќе биде примена со пресметан попуст.

Потоа, може да продолжите со внесување на личните податоци и финиширање на порачката со притискање на розевото поле ПОТВРДИ.

Кога може да се користи промо кодот?

Секој промо код е со одредено времетраење, за кое обично известуваме на социјалните мрежи - Фејсбук и Инстаграм. 

По истеченото време на промо кодот, не можете да го добиете попустот, дури и со негово повторно внесување.

Важно!!

  • Попустот важи само за артиклите кои не се со намалени цени.
  • Попустот важи само за нарачки над одредена сума.
  • Доставата се доплаќа 130 денари.
  • Промо кодот може да го искористите само еднаш.

Сподели::

Останато од блогот