Како да ја одредите својата големина на градник?
Ако при секоја потрага на градник се прашувате која е Вашата идеална големина, овој краток водич ќе Ви помогне при следното купување.
Ако при секоја потрага на градник се прашувате која е Вашата идеална големина, овој краток водич ќе Ви помогне при следното купување.
Без разлика дали носите push up, балконет, полнети модели, модели со и без фишбајн (жица) - одредувањето на големината е исто.
1. Чекор (А)
Најпрво земете кројачко метро и застанете пред огледало, без облека. Направете полн круг со метрото околу грбот и измерете го обемот под градите (како на слика А). Обрнете внимание метрото да биде на Вашата кожа.
На овој начин, се добива првата големина. Добиениот број во сm претставува "обем под градите" (пр. 80). Стандардните големини почнуваат од 65, па одат до 70, 75, 80, 85, 90, итн. Погледнете ја табела бр. 1 со големините.
2. Чекор (В)
Следно го мериме "обемот на градите". Мериме по ист принцип како предмалку, но сега со метрото измерете таму каде градите Ви се најшироки, во линија на брадавиците. Внимавајте метрото да биде паралелно со подот и да биде затегнатно, но не стегајќи Ве премногу (види слика В).
Сега кога ги имате двете мерки, одредете ја разликата помеѓу двата обема. Во табела 2 погледнете Вашиот добиен резултат на која буква одговара, односно пронајдете која големина на корпа одговара на Вашиот обем (A, B, C, D, E...)
пр. Доколку Вашиот обем под гради е помеѓу 83cm и 85cm, ви одговара величина 85. Ако обемот на градите Ви е 101cm - разликата меѓу двата обема е 14cm до 16cm. Тогаш, Вам ви одговара В корпа и големина на градник 85 В.