ИСПОРАКА И ПЛАЌАЊЕ

Понудата и цените на нашиот сајт се ажурираат на дневно ниво. Сите цени се искажани во денари со вклучен ДДВ. Продавачот го задржува правото на промена на цената, ако не е поинаку наведено (во случај на акција и специјални попусти). Цените важат во моментот на креирање на нарачката и имаат дејство и валидност и за следниот период. Наведените цени важат само за купување преку Интернет продавницата и истите можат да се разликуваат од цените во малопродажните објекти.

Производите порачани преку Bonatti webshop-от се испраќаат во рок од 3 до 5 работни денови од моментот на прием на нарачката. Во случај на голема заинтересираност и побарувачка на артикли кои се наоѓаат во Вашата кошничка, ако бараниот артикл не може да биде испорачан поради ограничената залиха од истиот, ќе бидете телефонски контактирани.

Пратките без оставени лични податоци и податоци за контакт (телефонски број или важечка адреса) не се испорачуваат, бидејќи не се прифаќаат од службите за достава.

За пратки пратени во петок, испораката се врши следниот понеделник. Ако нарачката сте ја испратиле во петок, пратката ќе Ви ја испратиме од понеделник. Испораката на пратки ја врши курирска служба Виа Пост. Трошокот на достава изнесува 160 денари. Испораката на производи се врши исклучиво на територијата на Република Македонија.

Кога Вашата нарачка ќе биде спакувана и предадена на курирската служба ќе добиете маил известување дека пратката е испратена. Курирската служба пратките ги испорачува на наведената адреса ден после превземање во период од 8-18 часот. На денот на испораката ќе добиете СМС известување и ќе Ве контактира курир од курирската служба.

Курирот двапати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку првиот пат испораката не биде успешна курирот ќе Ве контактира на телефонскиот број кои сте го оставиле при нарачувањата и со Вас ќе договори нов термин за испорака. Доколку ни тогаш испораката не биде успешна, пратката се враќа во Bonatti и ние ќе Ве контактираме како би можеле да ја констатираме причината за враќањето и да договориме повторно испраќање.

При превземањето на пратката потребно е визуелно да го прегледате пакетот да не постои некое видно оштетување. Доколку забележите дека транспортната кутија е значително оштетена и се сомневате дека производот е оштетен, одбијте го приемот на пратката и веднаш известете нѐ. Доколку пратката е наизглед без оштетувања, слободно преземете ја пратката и потпишете му на курирот.

Вашата нарачка можете да ја платите при превземање, или со платежна картичка при нарачка.

Плаќање при преземање подразбира плаќање во готово при преземање на пратката.

Доколку поседувате Visa, MasterCard или Maestro платежна картичка нарачката можете да ја платите онлајн. Откако го пополните формуларот за нарачка автоматски ќе бидете префрлен на сајтот на НЛБ банка на кој ги внесувате податоците од платежната картичка. Доколку се е во ред со трансакцијата, вие ќе бидете вратени на нашиот сајт со известување дека плаќањето е успешно. Доколку постоел некаков проблем со трансакцијата ќе бидете вратени на сајтот со известување за неуспешно плаќање, по што можете да се обидете повторно или да изберете друг начин на плаќање. Сите податоци се заштитени и видливи само на НЛБ банка процесорот на картичка.

Со користење на оваа страница, вие прифаќате употреба на колачиња. Научи повеќе

Прифаќам