Политика за директен маркетинг на друштвото за трговија и услуги Леомар Гроуп ДОО Скопје

ПОЛИТИКА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ НА ДРУШТВОТО ЗА ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ЛЕОМАР ГРОУП ДОО СКОПЈЕ

ВОВЕД

Оваа политика објаснува како Друштвото за трговија и услуги Леомар Гроуп ДОО Скопје (во натамошниот текст: Леомар Гроуп) може да ги користи вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

ШТО Е ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ?

Директен маркетинг е рекламирање кое е насочено кон конкретни физички лица, за разлика од рекламите на билборди, во весниците, преку радио или телевизија, кои се однесуваат на група на физички лица кои ќе ги видат, прочитаат или слушнат.

КАКО ВРШИМЕ ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ?

Леомар Гроуп врши директен маркетинг само преку е-маил. Леомар Гроуп не спроведуваме директен маркетинг преку СМС пораки, усно преку телефон или по пошта.

Леомар Гроуп спроведува политика на избор (опт-ин) со која секој што сака да добие директен маркетинг од нас може да ја впише својата е-маил адреса на нашата веб страница и да се согласи истата да се користи за испраќање на специјални понуди и известување за промотивни акции и новитети или да пополни формулар во нашите продавници во кој е содржана писмена изјава за согласност за доставување информации за понудата на производи, промотивни акции и новитети во нашите продавници.

Леомар Гроуп не се „потпира“ на легитимниот интерес за да врши директен маркетинг на своите купувачи.

КАКО ДА ДОБИВАТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАШИТЕ ПОНУДИ, ПРОМОТИВНИ АКЦИИ И НОВИТЕТИ?

Секој што сака да ги добие овие информации ќе треба да се „пријави“ (opt-in), со што ќе ни даде експлицитна согласност да му испратиме директен маркетинг.

Секој може да се пријави на еден од следниве начини:

Во збирката на лични податоци за вршење директен маркетинг, се запишува вашето име и презиме, е-маил адреса и IP адресата. 

Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП), Леомар Гроуп може во секое време да докаже дека добил валидна согласност и води евиденција за тоа кој се согласил за вршење директен маркетинг.

КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ?

Согласноста за вршење на директен маркетинг можете да ја повлечете во секое време. Воедно, можете да приговарате во кое било време за обработка на вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Леомар Гроуп нуди опција за „одјава“ (opt-out) во секое време преку линкот за одјавување достапен во е-маил пораките што ги добивате од нас.

При секое пристигнување на ново мејл-известување (преку mailchimp акаунтот на Bonatti), најдолу одбирате опција unsubscribe from this list каде со кликање, во секое време може да ја избришете својата мејл листа. 

Леомар Гроуп води евиденција на купувачите/корисниците кои ја повлекле согласноста за вршење директен маркетинг. Со повлекување на вашата согласност Леомар Гроуп ќе ги избрише во целост вашите податоци во рок од 1 работен ден од збирката на личните податоци за вршење директен маркетинг.

КАКО ПОСТАПУВАМЕ СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Леомар Гроуп постапува со личните податоци на транспарентен начин:

  • Називот и деталите за компанијата се вклучени кога испраќаме маркетиншки информации; и

  • На корисниците на веб страницата им е дадена јасна и лесно разбирлива политика за приватност и се информирани за нивните права како субјекти на лични податоци.

  • Леомар Гроуп ја гарантира безбедноста и точноста на збирката на личните податоци за вршење директен маркетинг:

  • Личните податоци од оваа збирката се користат само за цели на директен маркетинг;

  • Веродостојноста на оваа збирка се проверува преку земање и проверка на случајни примероци;

  • Се бришат сите нерелевантни или преобемни лични податоци;

  • Вработените кои се овластени да обработуваат лични податоци за цели на директен маркетинг се обучени да ги почитуваат и имплементираат одредбите од ЗЗЛП.

РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ

Леомар Гроуп не продава, разменува или споделува лични податоци и информации за своите купувачи со трети лица за цели на директен маркетинг, освен со обработувачите кога е потребно за да ги обезбедат услуги на Леомар Гроуп за цели на директен маркетинг. Со обработувачите, Леомар Гроуп има склучено договори согласно одредбите од ЗЗЛП и во согласност со оваа политика за директен маркетинг.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛЕОМАР ГРОУП

Покрај оваа политика за директен маркетинг, Леомар Гроуп има донесено и објавено посебна Политика за приватност во која се наведени детални информации за тоа како ја штитиме вашата приватност и како ги чуваме вашите лични податоци безбедни.

КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?

а) Право на потврда

Како корисник на услугата за вршење директен маркетинг, имате право да добиете потврда од Леомар Гроуп дали ги обработуваме Вашите лични податоци.

б) Право на пристап

Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од Леомар Гроуп за вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:

  • цел на обработката;

  • категории на личните податоци;

  • корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;

  • ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;

  • постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;

  • постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;

Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.

в) Право на исправка

Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.

г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:

  • Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;

  • Сте приговарале на обработката;

  • Обработката на личните податоци е незаконита;

д) Право на ограничувања за обработка

Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:

  • ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;

  • обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;

ѓ) Право на преносливост на податоци

Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор без мешање од Леомар Гроуп кому му се дадени личните податоци, под услов ако е технички изводливо.

е) Право на приговор

Имате право да поднесете приговор до Леомар Гроуп, против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.

з) Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.

ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци

бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје

https://www.dzlp.mk/

info@privacy.mk

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Леомар Гроуп има дискреционо право да ја ажурира оваа политика во секое време. Кога ќе го сториме тоа, ќе го ревидираме ажурираниот датум на крајот на оваа политика. Ги охрабруваме корисниците да ја проверуваат оваа страница  за да останат информирани за секоја промена и за тоа како ги штитиме личните податоци што ги собираме.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Доколку сакате да остварите некое од Вашите права или имате прашања во врска со Политиката за директен маркетинг, ве молиме контактирајте не на:

  • формата за Контакт (bonatti.mk) на нашата веб страница

  • електронска адреса: office@bonatti.mk

  • телефон:        +389 2 3201055

  • адреса: Леомар Гроуп ДООЕЛ Скопје ул. „Хасан Приштина бр.58 - Визбегово, 1000 Скопје

Можете директно да го контактирате и нашиот офицер за заштита на личните податоци:

  • Име и презиме:             Маријана Марушиќ Кос

  • Електронска адреса:  marijana@marusic-kos.mk

Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по барањето за остварување на Вашето право во законски утврдените рокови или ќе одговори на Вашето прашање без одлагање.

Политиката за директен маркетинг е поставена на ден 09.05.2021 година.

Со користење на оваа страница, вие прифаќате употреба на колачиња. Научи повеќе

Прифаќам